logo
 
?

казино скорсезе

Мартин Чарлс Скорсезе (роден 17 ноември, 1942) е американски филмски режисер, сценарист, продуцент, актер и филмски историчар.

Тој нашироко се смета како еден од најзначајните и највлијателните филмаџии во историјата на кинематографијата.

Тој беше дел од новиот холивудски бран на филмови .

Во 1990 година тој ја основа филмската фондација, непрофитна организација посветена на зачувување на филмови, а во 2007 година тој ја основа Светската Кинематографска Фондација.

Добитник е на АФИ Наградата за животно дело за неговиот придонес во филмот, а и е добитник на „Оскар“, „Златната палма“, награда за најдобар режисер на Канскиот фестивал, „Сребрен Лав“, „Греми“, „Еми“, „Златен глобус“, БАФТА (Британски филмски награди) и награда од Здружението на режисери на Америка.

Структурата на делата на Скорсезе даваат акцент на италјанско-американскиот идентитет, Римокатоличките концепти за вината и искупувањето, мачоизмот , модерениот криминал и конфликтите помеѓу бандите.

Многу од неговите филмови се исто така познати по нивниот опис на насилството и слободната употреба на вулгарности.

Скорсезе е режисер на многу значајни филмови, меѓу кои и „Злобни улици“ (1973), „Таксист“ (1976), „Разгневениот бик“ ( 1980), „Кралот на комедијата“ (1983), и „Добри момци“ (1990) – од кои во сите соработувал со глумецот, воедно и добар пријател, Роберт Де Ниро. Со осум номинации за најдобар режисер, тој е најмногу номинираниот жив режисер и го дели првото место со Били Вилдер за вкупно најмногу номинации.

Од „Бандите на Њујорк“ (2002), Скорсезе исто така е познат по неговата соработка со Леонардо Ди Каприо.

Мартин Скорсезе е роден на 17 ноември 1942 година и е израснат во Квинс, Њујорк.

Неговото семејство се сели во Литл Ители, кварт во Менхетен, пред да започне да оди на училиште.

Неговиот татко, Чарлс Скорсезе (1913-1993) и неговата мајка, Кетрин Скорсезе (родена Капа ; 1912-1997 ) заедно работеле во реонот за облека во Њујорк.